Отстранет споменикот на Андон Ќосето

Сподели

Споменикот на Андон Ќосето, кој беше поставен пред Врховниот суд во Скопје, е отстранет.

Како што беше поставен преку ноќ, така беше и отстранет во текот на изминатата ноќ.

Тој е однесен во магацините на Металски завод Тито.

Министерот за култура, Алаѓозовски, пред извесно време соопшти дека за овој споменик надлежни се Градот и општина Центар, па неговото тргање најверојатно е по налог на градската администрација.

Споменикот, кој предизвика низа контроверзии во јавноста, беше поставен ноќта помеѓу 6 и 7 септември во 2014 година.