Отстранета дива депонија на Пластичарската улица

Сподели

Во текот на минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа активности за отстранување дива депонија лоцирана на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), на аголот со улицата Максут Садик, во непосредна близина на Амбасадата на САД.

Во рамките на активностите се подигнати и транспортирани приближно 15 кубни метри непрописно одложен отпад. Посочениот реон претставува „црна точка“ каде што веќе подолг период е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.