Во богатата, со над 700, досега, создадени дела, Уметничката галерија, во селото Белчишта, општина Дебрца, свечено, беше отворена 39-та, по ред, Интернационална уметничка колонија „Дебрца 2024“.
Пред бројната публика, љубители на ликовната уметност, почитувачи и мештани од Белчишта и другите села на руралната општина Дебрца, се обрати м-р инжињер – архитект, Мартина Целеска, претседател на здружението-организатор.
-Во пресрет на јубилејот – 4. децении постоење, со чувство на гордост и благодарност кон основачите и поддржувачите, можеме да истакнеме дека создадена е лулка на ликовното пројавување, растење и развој на ликовната уметност во нашата земја, со учество на десетици и десетици признати ликовни дејци од сите меридијани на земјината кугла, рече Целеска.
Таа потенцираше дека Четиридецениското постоење на Колонијата, е заслуга на визионерски тим од реномирани уметници, поддржувачи на уметноста и страсни креативци.
-Од сите дела, од сводовите и зидовите на ова културно здание во срцето на Дебрца, дише творечкиот и човечки дух на основалот на колонијата, ликовниот педагог и неуморен деец, Ѓорѓија Целески, сега упокоен, по потекло од Белчишта, напомена Целеска.
Годинава, на најстарата ваква манифестација кај нас, учествуваат 11 ликовни уметници од земјата и странство.
Од Македонија, маестро Јордан Манасиески – Охрид, Лара Ташковска – Скопје, Андреј Антевски – Куманово, како и Славица Танеска и Емел Махмуд, од Охрид,
Странски автори: Леетив Намдаг Жанчивин – мистер Ли ( монголскиот конзул), Јованка Беквалац – Србија, Нада Грбиќ – Србија, Мирослав Мича Круниќ – Србија, Славка Ната Радуловиќ – Црна Гора и Драгољуб Пејовиќ – Црна Гора.
Колонијата се одржува со поддршка на Министерството за култура, општина Дебрца и бројни спонзори, општествено корисни компании.
Веле Митаноски