Царинската управа на Република Македонија вчера отвори истрага против Александар Трајковски во врска со неговото отсуство од работа. Трајковски беше фотографиран во Будимпешта во друштво со екс-премиерот во бегство Никола Груевски.
Од вработениот во царинската служба побарана е изјава за отсуството од страна на инспектори од Секторот за професионална одговорност, и истиот го доставил Извештајот за привремена спреченост за работа, поврзан со неговото отсуство.
Истрагата е поврзана со почитувањата на правилата за ред и дисциплина на Царинската управа, Законот за работни односи (член 81) и Колективен договор – велат од Царина.