Во Париз, Франција започна 15-тото Европско првенство во фудбал 2016.
На преполнетиот стадиот Стад Де Франс, домаќинот Франција на отворањето ја сруши традицијата и славеше победа потешко од очекувањата против Романија со 2-1, полувреме 0-0.
Првиот натпреват на ЕВРО 2016 се одигра од групата А, а заврши со среќен триумф на триколорите.
Франција прва дојде до водство во 57 минута од 1-0 со сомнителниот погодок на Оливие Жиру, но само неколку минути подоцна, Богдан Станку, успешно го изведе ударот од белата точка за 1-1.
Сепак, голот вреден победа и три бода, Франција го постигна на две минути пред крајот на мечот кога во 88 минута, Димитри Паје со прекрасен погодок им донесе победа на галските петли на отворањето на ЕВРО 2016.
Утре не очекуваат три средби, од 15 часот играат Албанија-Швајцарија, од 18 се среќаваат Велс-Словачка и во терминот од 21 часот како шлаг на вечерта играат Англија-Русија.
Инсерти од мечот…
The post Паје ја спаси Франција и ја сруши традицијата на домаќините! appeared first on Спорти.
Source: Sporty