ПАНДОВ: ГДОМ НЕ ОРГАНИЗИРА КОНТРАМАРШ

Сподели

Александар Пандов за Фокус тврди дека ГДОМ не организира никаков контрамарш на 16 октомври, откако на социјалните мрежи се појавија информации дека претстојниот викенд е можно да има организирано собирање во Скопје, како реакција на опозицискиот марш закажан за утре.

pandov vlaga sud

– Не гледам причина зошто би организирале контрапротест на протестот на опозицијата на 11 Октомври. Колку што разбрав, ним им треба да се соберат и да покажат колку се силни сега пред избори. Таман работа тоа да биде повод или мотив за каков било протест или контрапротест. ГДОМ секоја недела организира поголеми собири низ повеќе градови, така ќе биде и оваа недела, но тие не се поттикнати од протестот на опозицијата – изјавил Пандов за Фокус.

Тој не ја исклучил можноста да се случи голем протест, ако опозицијата, ако што вели продолжи да заговара федерализација на Македонија.

 – Ако утре било кој истакнат член на СДСМ, или некој медиумски моќник заговара федерализација логично е секој Македонец да се спротивстави на таквите заговори. Во тој случај и нема да биде потребно граѓаните некој да ги организира, туку тие сами ќе излезат во одбрана на земјата. И во таков злучај нема да чекаме до 16 октомври или до некој одреден датум, тогаш веднаш би реагирале – рекол Пандов.

социјалните мрежи се споделува фотографија од смс порака со барање за присуство на некаков настан следната недела (16.10) во Скопје, за кој е обезбеден превоз а за кој се прават списоци по месни комитети.

89439843904393

Неофицијалните информации се дека преку неформални организации како што е ГДОМ власта ќе организира собири, наводно против федерализација.

gdom

Идејата на власта е да ја обвини опозицијата и нејзиниот лидер Зоран Заев дека наводно сака да направи федерализација, и со тоа да се обиде да го сврти вниманието од обвиненијата за милионски криминали и злоупотреби на самата власт, за што веќе има отворено и повеќе предмети од страна на СЈО.

Контрасобирот (или собирите) ќе се случуваат по најавениот масовен граѓански марш во организација на Заев и повеќе истакнати личности од општествениот живот, кој ќе се случи на 11 октомври во Скопје, па на социјалните мрежи овие провладини собири веќе се карактеризираат како контра-марш(еви).