ЈП Паркови и зеленило, во врска со дезинформациите и невистините објавени во денешниот прилог на интернет порталот „Makfax“ со наслов „Георгиевска: На Партизанска се сечат дрвја без решение, по наредба на Данела Арсовска“, кои се засноваат на пишувања од социјалните медиуми, без да се провери вистинитоста на информациите, со што сериозно се наштетува на Градот Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, ја информира јавноста дека станува збор за активности на ЈП „Паркови и зеленило“, во конкретниов случај на булеварот „Партизански одреди“, како дел од големата акција што започна неодамна за уредување на градското зеленило. Тоа подразбира садење нови дрвја, но и кастрење на суви гранки и отстранување на стари и суви дрвја, кои претставуваат опасност, особено при секое посилно невреме по сигурноста и безбедноста на граѓаните и нивниот движен и недвижен имот. Сите овие активности се реализираат согласно утврдени процедури и врз основа на Решенија од Град Скопје.
Надлежните градски служби детектираа нереализирани решенија дури од 2010 година за кастрење на суви дрвја и гранки по пријави на граѓани и институции. Согласно со затекнатата состојба, на градските улици и булевари во изминатите 10 години не биле кастрени околу 2.000 дрвја согласно доставени барања а севкупно во градското зеленило над 5.500. Со реализацијата на овие активности се обидуваме системски да ги решаваме наталожените проблеми, а градското зеленило да добие уреден лик, но пред се да се превенираат штетите при невреме од пад на суви дрвја и гранки.
Истовремено, по налог на Град Скопје екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ отпочнаа и со акција за засадување на нови дрвја секаде каде во изминатите години биле исечени и отстранети.