Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека преку освоените советници во Град Скопје на последните Локални избори 2021, обезбедиле апсолутно мнозинство од 24 советници од вкупниот број на 45 советници во Советот на Град Скопје.
“Ја известуваме јавноста дека досегашната парламентарна опозиција во македонското собрание, преку освоените советници во Град Скопје на последните Локални избори 2021, обезбедија апсолутно мнозинство од 24 советници од вкупниот број на 45 советници во Советот на град Скопје. Новото градско мнозинство ќе функционира по принципот на конкретна соработка на точно одредени програмски проекти кои се во јавен интерес на народот и исклучиво за доброто на локалните жители и на месното население. Со ова, обзнануваме дека актуелната владина коалицијата на СДС и ДУИ ќе биде опозиција во градот Скопје. Следуваат многу подобри денови во раководењето со градот, во корист на сите жители на Град Скопје и на неговите општини, стои во сопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Новото мнозинство во Советот на Град Скопје ќе го сочинуваат: ВМРО-ДПМНЕ И КОАЛИЦИЈА ЗА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА, ЛЕВИЦА и АЛИЈАНСА”, ВМРО-ДПМНЕ.
Новото мнозинство во Советот на Град Скопје ќе го сочинуваат: ВМРО-ДПМНЕ И КОАЛИЦИЈА ЗА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА, ЛЕВИЦА, АЛИЈАНСА и АЛТЕРНАТИВA.