Парламентарното мнозинство ги избра новите министри во Владата

Сподели

 

На предлог на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, доцна вчера, со мнозинство гласови, Собранието на Република Северна Македонија ги избра четворицата нови министри.

Новите министри во Владата беа изгласани со 65 пратеници “За” и без ниту еден глас против, што претставува зголемување на актуелното парламентарно мнозинство.

 

 

 

 

  • Кренар Лога, за министер кој ќе раководи со Министерството за правда;
  • Фатмир Меџити, за министер кој ќе раководи со Министерството за здравство;
  • Азир Алиу, за министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација;
  • Каја Шукова за министерка која ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање.

По гласањето, новите министри положија свечена заклетва.

Реконструкцијата на Владата доаѓа откако во владејачкото мнозинство влезе и Алијанса за Албанците што беше причина дотогашниот партнер, партијата Алтернатива, да замине во опозиција.