Партизан ја спреми првата ,,БОМБА,, за следната сезона – Во тимот на Обрадовиќ доаѓа МАКЕДОНЕЦ?

Сподели

Loading

Кошаркарската репрезентација на Македонија лесно ја победи на гостувањето Полска со 96-71.

Во второто коло од квалификациите за ЕП во групата Х, Македонија стигна до првата победа во квалификациите за пласман на ЕП 2025.

Најзаслужен за победата беше кошаркарот кој веќе извесно време е желба на белградски Партизан.

Токму Ненад Димитријевиќ, плејмејкерот на Уникс Казан, натпреварот против Полска го заврши со 32 поени, 8 скока и 8 асистенции.

Погоди 11 од 22 удари од поле, а неговата игра ги воодушеви љубителите на кошарката во Европа.

Димитријевиќ е голема желба на црно-белите, кои би сакале да го имаат во тимот за следната сезона.

Плејмејкерот роден во 1998 година ја започна својата кариера во Хувентуд, помина една година во Валенсија пред да пристигне во Уникс во 2022 година.

На 31 натпревар во ВТБ лигата оваа сезона, 190-сантиметри високиот Димитријевиќ има просек од 15,8 поени, 6,5 асистенции, 3,5 скока и 1,5 украдена топка по натпревар.

Тој има договор до крајот на сезоната, со можност за продолжување на уште една година.

Сепак, неговата желба да игра во Евролигата следната сезона и фактот дека е голем навивач на Партизан може значително да влијае на неговата одлука.

The post Партизан ја спреми првата ,,БОМБА,, за следната сезона – Во тимот на Обрадовиќ доаѓа МАКЕДОНЕЦ? first appeared on .

The post Партизан ја спреми првата ,,БОМБА,, за следната сезона – Во тимот на Обрадовиќ доаѓа МАКЕДОНЕЦ? appeared first on .

Powered by WPeMatico