Пасошот му е вратен на Камчев поради службени патувања и едукација

Сподели

 

Кривичниот суд соопшти дека на осомничениот Орце Камчев во случајот „Империја“ времениот пасош му е даден по добиено позитивно мислење од СЈО. Според соопштението, времениот пасош е издаден заради неoдложни службени патувања кои Камчев ги има како член на Управен одбор и задолжителна едукација, за што доставил и докази во прилог на барањето.

Судот, како што се наведува, постапувал исклучиво според законските одредби како и мислењето дадено од надлежниот обвинител.