Печалбар изградил куќа за социјално загрозено семејство во Кичево

Сподели

Печалбар во САД од Кичево кој инсистира на анонимност откако дознал за случајот за социјално загрозеното деветчленото семејство Салиу од село Бачишта, Кичевско кое живеело во една стара трошна куќа изградена од кал и прачки, без кујна и тоалет им изградил нова куќа, односно донирал 12.000 долари – пренесува МИА.

-Јас оваа донација ја давам од хумани причини, а не за афирмација. Ќе бидам среќен ако тоа семејство за момент се почувствува сигурно и среќно – изјавил донаторот.

Иницијативата за да се помогне на ова семејство е од група граѓани од овој регион на Кичево.