Пендаровски: Честит 1 Мај на сите работници!

Сподели

Честит 1 Мај на сите работници!

Само задоволни работници можат да бидат успешни, мотивирани и да придонесат за напредок и просперитет на државата. Затоа, секој работник треба да има фер третман од работодавачот, да се чувствува безбедно, сигурно и заштитено на работното место, да има достоинствени услови за работа, а неговиот труд да биде соодветно вреднуван.

Наша задача е да продолжиме да ги поддржуваме заложбите на синдикалните организации, да помогнеме во унапредување на стандардите и условите за работа, со цел сите работници да имаат праведни и еднакви можности за реализација и развој на професионален план.

ИЗБОРИ 2024, Стево Пендаровски