Пендаровски: Членството во НАТО беше една од нашите клучни стратешки цели уште од независноста

Сподели

 

По повод 4 април, денот на основањето на Северноатлантската алијанса – НАТО, претседателот Стево Пендаровски ја упати следнава порака:

“Членството во НАТО беше една од нашите клучни стратешки цели уште од независноста, поддржана со широк политички консензус на национално ниво и висока поддршка од граѓаните.

Процесот на пристапување во Алијансата беше долг, беа потребни тешки одлуки и длабински реформи во нашата Армија и безбедносниот сектор но, денес, кога меѓународниот поредок е во опасност, ја разбираме важноста од членството во НАТО.

Членството во Алијансата јасно ја исцртува и нашата долгорочна ориентација за почитување на вредностите кои ги споделуваме со евро-атлантската заедница: слободата, демократијата и владеењето на правото, како предуслови за успешен развој”, изјави претседателот Пендаровски.