Пендаровски им честита на учесниците на 35. Охридски пливачки маратон

Сподели

 

Претседателот Стево Пендаровски, како покровител на Охридскиот пливачки маратон, ги пречека учесниците на 35 издание на маратонот.

На целта претседателот Пендаровски им упати честитки на учесниците за успешно завршената трка во исклучително тешки услови, посакувајќи им уште многу натамошни пливачки подвизи.

 

 

Аргентинецот Матијас Дијас Хернандес е победник на 35. пливачки маратон, а единствената учесничка во женска категорија, годинава, беше аргентинката Рита Ванеса Гарсија.

“Честитки за Матијас Дијас Хернандес за освоеното прво место на Охридскиот пливачки маратон! Им честитам на сите натпреварувачи кои во исклучително тешки услови ја испливаа 25 километри долгата патека.”
 

Наградниот фонд за победниците на Охридскиот пливачки маратон е обезбеден преку Агенцијата за млади и спорт.

Маратонот започна од манастирскиот комплекс „Св. Наум“, а заврши на градското пристаниште во Охрид.

На 25 километри долгата патека „Климе Савин” се натпреваруваа вкупно 8 пливачи. Во машка категорија Арне Фурлан Штулар од Република Словенија, Франческо Гетини од Италијанската Република, Матијас Дијас Хернандес од Аргентинската Република, Сидрит Деску и Арион Будима од Република Косово, како и домаќините Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев.

Посебни честитки до Рита Ванеса Гарсија, единствената жена, која осум часа се бореше со брановите и го исплива годинашниот маратон.