Претседателот Стево Пендаровски донесе одлука за составот и за именување претседател и членови на Комисијата за помилување.
За претседател на Комисијата за помилување е именувана Уранија Пировска, а за членови се именувани Фехми Стафа, Љубомир Јовески, Љубомир Михајловски, Темелко Ристевски, Ерол Рушид, Томислав Кежаровски, Божин Аврамовски, Сафет Aлиу, Зора Митиќ и Билјана Петковска.
Уранија Пировска е именувана за претседател на Комисијата за помилување на местото на Сабит Кранли, а нов член во комисијата е новинарот Томислав Кежаровски.
Претседателот Пендаровски донесе одлука за именување на актерката Амернис Јовановска Нокшиќи за член на Комисијата за одликувања и признанија, на местото на Сабина Ајрула.