Претседателот Стево Пендаровски, утре, на 3 јуни 2023 година, во Анкара ќе присуствува на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
По церемонијата на стапување на должност, предвидено е присуство на свечена вечера во замокот Чанкаја која ја приредува домаќинот за шефовите на држави и влади и другите високи гости кои ќе бидат присутни на инаугурацијата во Анкара.