Пендаровски на 54. Годишен состанок на Светскиот економски форум во Давос

Сподели

 

Претседателот Стево Пендаровски утре и задутре ќе учествува на 54. Годишен состанок на Светскиот економски форум насловен „Обнова на довербата“ што се одржува во Давос.

Претседателот Пендаровски предвидено е да учествува на сесијата „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“, на неформалниот собир на светски економски лидери „Враќање на вербата во глобалниот систем“ и на официјалната вечера „Градење на Европа на утрешнината“.

На годинашниот состанок на Светскиот економски форум во Давос е предвидено учество на над 100 шефови на држави и влади, претставници на водечките меѓународни организации, како и претставници на граѓанското општество, експерти, младински претставници, социјални претприемачи и новински куќи.