Претседателот Стево Пендаровски изрази сочувство по повод силните земјотреси кои ја погодија Република Туркије.
„Сега добивме информација дека има втор земјотрес, многу жртви и ужасна деструкција. Би сакал уште еднаш да упатам сочувство до сите погодени, и да објавам дека македонската Влада и ние како држава нема да останеме само на зборови, туку ќе пружиме конкретна помош.
Оваа година треба да одбележиме шест децении од катастрофалниот скопски земјотрес и многу добро знаеме кога некои други народи и држави се наоѓаат во слична ситуација.
Нашите мисли се со турскиот народ и турските граѓани, пред сè со оние кои ги изгубија своите најблиски“, изјави претседателот Пендаровски.