Претседателот Стево Пендаровски, со највисоки државни и воени почести, денеска беше пречекан од претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда.
По тет-а-тет средбата на претседателот Пендаровски со претседателот Дуда, делегациите на двете држави одржаа пленарен состанок на кој се потврдија искрените пријателските односи и политички дијалог. Полска е постојан поддржувач на нашите евро-атлантски интеграции и за време на посетата на претседателот Пендаровски се очекува да биде реафирмирана поддршката за Северна Македонија да отпочне претпристапни преговори за ЕУ.
Претседателот Пендаровски ќе оствари билатерални средби со Маршалот на Сејмот, Елжбијета Витек и со Маршалот на Сенатот, Томаж Гроцки.
Во рамки на официјалната посета, претседателот Пендаровски ќе се сретне со истакнати слависти и македонисти, кои живеат и работат во Република Полска.
За време на официјалната посета на Република Полска, претседателот Пендаровски е придружуван од сопругата, Елизабета Ѓоргиевска.