“Петрунија” нижи нови награди на меѓународните филмски фестивали

Сподели

 

„Господ постои, името и’ е Петрунија” на Теона Стругар Митевска, досега освои вкупно 25 награди на меѓународните филмски фестивали.

На фестивалот All About Freedom Festival, кој се одржува во Гдањск, Полска, филмот ја доби главната награда за најдобар филм, a филмот ја освои и главната награда „Златна Вила“ на Филмскиот Фестивал во Тузла, Босна и Херцеговина.

Актерката Зорица Нушева, ја освои наградата за најдобра женска улога на Македонскиот филмски фестивал во Торонто.

Во октомври “Петрунија” ќе уќествува на десет фестивали ширум светот, со што веќе се приближува на околу 70 фестивалски прикажувања досега.

Фестивали на кои ќе се прикажува филмот, во месец октомври се: Nuremberg International Human Rights Film Festival (NIHRFF) – www.nihrff.deAyvalkin Film Festival, Turkey- http://www.baskasinema.com/ayvalik-film-festivali/index.phpMacedonian Cinema Days Film Festival, Australia –http://www.macedoniancinemadays.com/Debalie, Amsterdam – https://debalie.nl/cinema/god-exists-her-name-is-petrunya/?preview=true&fbclid=IwAR3Qmt5rwYDdPXdIgAmRTKO0R2sQp5OozLlEQ3ThHqIOpvAMvmHacxrkHqIChina woman’s film festival  – https://chinawomensff.net/34th Independent FilmFest Osnabrück – https://filmfest-osnabrueck.de/ , 60th Thessaloniki International Film Festival https://www.filmfestival.gr/en/festivals-en/tiff-en.