Петтамалореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“

Сподели

Во чест на македонскиот зограф Дичо Зограф, вчера во неговото родно Тресонче беше отворена Петтата малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“.  Школата се одржува во црквата „Св. Петар и Павле“ во селото Тресонче и во Бигорскиот манастир. 

Под покровителство на Институтот „Цветан Грозданов“ при МАНУ, организирана од Здружението на граѓани „Брзовец“ и Општина Маврово-Ростуше, за време на одржувањето на оваа школа ќе се проучуваат уметноста и архитектурата во мијачкиот крај. Посетителите на школата вчера го посетија и Културниот центар „Дичо Зограф“ каде што со поддршка од Министерството за култура е завршена првата фаза од реконструкцијата. Целосното опремување на Културниот центар, кој се наоѓа на местото на поранешното училиште „Димитар Ормански“, се очекува да биде завршено до крајот на годинава.