Од 13 до 16 јули, по 15-ти јубилеен пат, во Прилеп ќе се одржи најголемиот и најатрактивен фестивал на овие простори Пиво фест 2017. Фестивалот кој стана еден од најголемите македонски брендови и вистински спектакл годинава ќе има богата музичка програма која ќе ги задоволи вкусовите на сите генерации.
Во четврток, на 13. јули, фестивалот ќе го отвори македонската група Eye Que, забавата потоа ќе продолжи со култната група Психомодо Поп, а првата вечер ќе ја затвори Амадеус бенд. Петокот е резервиран за Don Minott& Conquering Lion, Нокаут и Ален Исламовиќ. Во саботата публиката ќе ја забавуваат Елена Велеска, Анабела и Харис Џиновиќ. На последната вечер од фестивалот ќе настапат Тајфата со Димитар Андоноски, Џамбо Агушев и ѕвездата на овогодинешниот фестивалСеверина. Секоја година заинтересираноста како на публиката така и на угостителите кои земаат учество во овој настан е голема.
Генералните спонзори на фестивалот Скопска и Прилепска пивара истакнаа дека очекуваат одлична забава и многу публика која ќе ги проследи настапите на музичките ѕвезди во предвидените 4 дена на Фестивалот.