В.д. директорот на Фондот за здравствено осигурување Асаф Абдурамани вечерва, на својот фејсбук профил, соопшти дека е донесена одлука за еднаква вредност на платите до 31 мај 2024 година.
„Почитувани колеги, соработници на Фондот за здравствено осигурување, денеска со премиерот Талат Џафери донесовме заедничка одлука за еднаква вредност на платите до 31 мај 2024 година. Платите на вработените во Фондот за здравство ќе останат исти до 31 мај, годинава, пред да се прави нов ребаланс на буџетот. Оваа одлука ќе трае до трајното решение кое секогаш ќе биде во корист на вработените. Му благодариме на премиерот Џафери и на владиниот кабинет за стручната поддршка за надминување на овој проблем“, – напиша Абдурамани.