Шпанскиот министер за надворешни работи, Хосе Мануел Гарсија-Маргаљо, денеска предложи поделба на суверенитетот над Гибралтар, откако граѓаните на Велика Британија се изјаснија на референдум за излегување од Европската Унија.
Тој рече дека со тоа би ѝ се овозможило на оваа британска прекуморска територија да го задржи пристапот до единствениот пазар на ЕУ.
– Нашата формула е ко-суверенитет на Британија и на Шпанија на одреден период, која по истекот на рокот ќе води кон реституција на Гибралтар под суверенитетот на Шпанија – рече Гарсија-Маргаљо за шпанското радио.
По Брексит, Шпанија предлага поделба на суверенитетот над Гибралтар