По долго и тешко боледување почина бизнисменот Адем Кочан

Сподели

 

По долго и тешко боледување денеска почина Адем Кочан, познат македонски бизнисмен.

За својата работа добивал и бројни признанија. Во 2009 година неговото претпријатие „Агро Канет“ беше прогласено за најуспешно во изборот на Македонската развојна фондација за претпријатијата. Во 2017 година во Сараево го доби признанието за „Најменаџер на регија“ на подрачјето на Југоисточна и средна Европа. Беше и еден од основачите на Сојузот на стопански комори на Македонија. Во текот на својата работа често бил и донатор и учесник на повеќе хуманитарни акции.

Простувањето од Адем Кочан ќе се изврши утре, 10 ноември во 13. 30 часот во џамијата во Бутел 1, а погребот во 14,.30 часот на Градските гробишта во Бутел.