По ова фудбалот повеќе нема да биде ист – Натпреварите ќе траат цела ,,вечност,, а се менува и офсејд правилото!

Сподели

Loading

По овие промени, фудбалот нема да биде истиот спорт! Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино ја разгледува идејата во иднина фудбалот да се игра со прекини.

Првиот човек на светскиот фудбал сака да го ограничи губитокот на време бидејќи смета дека тоа е најголемиот проблем во моментов.

Шпанскиот весник „Марка“ пишува дека веќе во 2024 година би можело да се воведе правило, регуларното време на натпреварите нема повеќе да биде исто. Во исто време, правилото за офсајд може да се смени.

Од 30 јуни секоја прослава на гол ќе биде вклучена во временскиот надоместок, со цел да се спречат прекини кои понекогаш траат и повеќе од една минута за време на прославите.

Кога станува збор за офсајд, главен поборник на промените е Арсен Венгер, директорот за развој на фудбалот на ФИФА. Тој се залага да се дозволи напаѓачите со еден дел од телото да бидат пред дефанзивците.

Исто така, прецизно е објаснето што значи кога дефанзивецот имал контрола над топката по што имало намерно играње што ја отфрлило офсајд позицијата:

– топката дојде од далеку и играчот имаше чист поглед
– топката не се движеше брзо
– правецот на топката не беше неочекуван
– играчот имаше време да ги координира движењата на телото, т.е. тоа не беше инстинктивно истегнување или скок, или       движење кое постигна ограничен контакт/контрола
– движењето на топката на земја е полесно отколку во воздухот

Ќе се воведе и правилото Анти Емилијано Мартинез.

Она што го правеше досега голманот на Аргентина ќе биде строго забрането, па при изведување на пенал голманите на мрежата не смеат да имаат никаков контакт со изведувачот, па дури и да ја допираат стативата, гредата или мрежата.

The post По ова фудбалот повеќе нема да биде ист – Натпреварите ќе траат цела ,,вечност,, а се менува и офсејд правилото! first appeared on .

Powered by WPeMatico