По повеќе од 3 месеци скопскиот аеродром е во функција

Сподели

 

На Меѓународниот аеродром – Скопје денеска по три и пол месеци слета првиот патнички авион на „Туркиш ерлајнс“ со 104 патници и членови на екипажот.

Од Скопје првиот авион полета во 6 утринава за Стокхолм, па потоа за Бремен, додека првите летови од Охридскиот аеродром се за и од Цирих и Милано.

Патувањата се со строго почитување на протоколите. Патниците пристигнуваат  на аеродром три часа пред летот. Заштитни маски мораа да носат постојано. На влез ги дезинфицираат рацете, а на термална камера се врши проверка дали имаат покачена температура. За сомнителните случаи на Ковид 19 има соба за изолација, каде ги преземаат посебни медицински тимови.

Денеска се очекуваат 28 летови на скопскиот аеродром на првиот ден од неговото реотварање.