Светското првенство за сениори во шах над 50 и над 65 години се одржува во хотел Изгрев во Струга, Македонија од 18-29 септември.
Во категоријата сениори под 50 години учестуваат 22 екипи од целиот свет. Се игра по Швајцарски систем од девет кола. Секоја екипа е составена од четири играчи и една резерва.
ШК Алкалоид учествува со своја екипа составена од пет велемајстори. На првата табла настапува новото засилување за екипата ВМ Георгиев Кирил, потоа следуваат ВМ Недев Трајко, ВМ Богдановски Влатко, ВМ Станојоски Звонко и ВМ Кутиров Роландо. Капитен на екипата е ВМ Јаќимовиќ Драгољуб.
Во стартниот рангкинг македонскиот тим е четврто рангиран со просечен рејтинг од 2436 поени. Прв фаворит на турнирот е екипата на САД со просечен рејтинг 2514 поени.
Во првото коло N. Macedonia Alkaloid за противник ја имаше екипата USA 5 Brothers од САД, каде Алкалоид со максимални 4-0 ја совлада екипата USA 5 Brothers. Победи остварија Недев, Богдановски, Станојоски и Кутиров.
Во второто коло Алкалоид играше против екипата на Словачка. ШК Алкалоид ја совлада екипата на Словачка со минимални 2,5 – 1,5. Единствената победа во мечот ја оствари ВМ кирил Георгиев на првата табла, додека ВМ Влатко Богдановски, ВМ Звонко Станојоски и ВМ Роландо Кутиров ремизираа.
Во третото коло Алкалоид играше против екипата на САД. Дерби мечот помеѓу прво и четврто рангираните заврши нерешено 2-2. ВМ Трајко Недев на втората табла го победи ВМ Јан Елвест, ВМ Кирил Георгиев на првата и ВМ Влатко Богдановски на третата табла ремизираа, додека ВМ Звонко Станојоски загуби. Во четвртото коло Алкалоид повторно игра дерби меч, овојпат против тимот на Италија.