Почина Александар Јовиќ, поранешен ракометен репрезентативец

Сподели

Почина Александар Јовиќ, човек кој сиот свој работен и животен век го посвети на ракометот.

На неколку часа пред првиот настап на Македонија на ракометното СП во Хрватска, Данска и Норвешка, ненадејно почина на долгогодишниот репрезентативец и тренер Александар Јовиќ.

Роден е на 24 септември во 1973 година во Бјелина.

Со репрезентацијата на Македонија настапи на ЕП 1998 и на СП 2009.

“Ракометната и спортската јавност, денес изгубија вреден спортски работник , Ракометната Федерација на Македонија упатува искрено и длабоко сочуство до семејството на Јовиќ”, објави Ракометната Федерација на Македонија.