Почина Ален Делон, легендата на францускиот филм

Сподели

Француската филмска легенда Ален Делон почина на 88-годишна возраст. Во текот на својата кариера глумеше во повеќе од 90 филмови.

Ален Делон починал во својот дом, опкружен со своите три деца и семејството.

Ален Фабиен, Анушка, Ентони и (неговото куче) Лубо се многу тажни што објавуваат дека нивниот татко починал“, соопшти семејството на Делон.

Тој се појави на филм во 1957 година и стана еден од најатрактивните млади француски актери Неговата прва значајна улога беше во филмот „На Сонцето“, во режија на Рене Клемент, заснован на романот на Патриша Хајсмит. Делон беше еден од најистакнатите европски актери. Тој ја доби наградата „Цезар“ за најдобар актер во 1985 година. 

Дел не беше познат само по својата извонредна актерска кариера, туку и по турбулентниот љубовен живот со најпознатите жени од тоа време.

„Програмиран сум да бидам успешен, но не и среќен. Не оди тоа заедно“, изјавил подоцна актерот Ален Делон.