Почина портпаролот на ЕВН и поранешен новинар и презентер Атанас Ковачевски.
Долги години беше новинар во неколку медиуми меѓу кои и во Македонската радио телевизија. Последните 10 години беше портпарол на австриската компанија.
„Ковачевски со својата исклучителна професионалност и колегијалност даде огромен придонес во отвореноста на компанијата и нејзината комуникација, а со тоа генерално и во развојот на енергетскиот сектор во земјава“, велат од ЕВН.
На неговиот профил на Фејсбук во шок и неверување се простуваат бројни пријатели.