Почина билдерот и фитнес тренерот Мирко Петровски

Сподели

 

 

47-годишниот Петровски беше повеќекратен македонски бодибилдинг и фитнес шампион, а воедно долги години работеше и како професионален инструктор. 

Беше личен тренер на многу познати личности од нашата земја и претставуваше вистински симбол на овој спорт, како кај нас, така и во регионот. 

Причината за смртта се уште не е позната.

На социјалните мрежи веќе се простуваат од билдерот.