Почина Јанис Бутарис поранешниот градоначалник на Солун

Сподели

На 82 години почина Јанис Бутарис, некогашниот градоначалник на Солун по потекло од Крушево. Тој беше 60-ти градоначалник на општината Солун, а пред 11 години првпат како градоначалник дојде во официјална посета на Македонија.

Екс градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов ја објави трагичната вест за смртта на поранешниот градоначалник на Солун, Јанис Бутарис.

„Вечерва загубив добар пријател, голем човек, космополит, визионер. Со луѓе како Јани Бутарис, Балканот ми бил толку помирно место за живеење … Почивај во мир пријателе !!!“, напиша Шилегов на ФБ. 

Неговите врски со Македонија беа сентиментални, не само поради потеклото на мајка му и неговиот дедо по татко кои потекнуваат од Крушево, туку и поради многубројните пријатели.

„Врските со семејството во Крушево со време се изгубени, но јас трипати бев да ги посетам. Ја видов и куќата на мојот дедо. Бев многу горд. Тоа се моите корени“, рече тој.