Почна аџилакот во Саудиска Арабија

Сподели

10542268633_580dde2a60_z

Околу 1,5 милиони муслимански верници денеска го почнаа годинешниот аџилак во Саудиска Арабија. Аџиите, како што јавуваат светските медиуми, годинава ќе се соочат со засилени мерки на безбедност, кои вклучуваат построги прописи и носење на нараквици со лични податоци.

Станува збор за превентивни мерки, за да се избегне евентуална несреќа, како онаа од минатата година кога во стампедо загинаа над 2.000 лица.

Сепак, според медиумите, на аџилакот не се присутни десетици шиити од Иран поради долгогодишните тезии со сунитската Саудиска Арабија.

Аџилакот во Саудиска Арабија спаѓа меѓу најголемите верски собири во светот.

По обредите во Големата џамија во Мека, на почетокот на неделава, верниците денеска ќе почнат да пристигнуваат со автобуси, возови или пешки во градот Мина, оддалечен околу пет километри источно од Мека.

Аџилакот е еден од петте столбови на исламот. Секој муслиман, во согласност со верскиот закон, е должен барем еднаш во животот да отиде на аџилак.

meta.mk