Владата на 4-ти февруари донесе одлука да го преименува скопскиот аеродром „Александар Велики. Новото име ќе биде Меѓународен аеродром Скопје (Skopje International Airport).

Се менува и името на автопатот „Александар Велики“ во „Пријателство“.

Промената на името на аеродромот и автопатот беше најавено од премиерот Зоран Заев на 24 јануари по средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас на Светскиот економски форум во Давос.

Промената на таблите на автопатот почна пред неколку дена.

Скопскиот аеродром беше преименуван во „Александар Велики“ на 27-ми декември 2006, со владината одлука, на чело со тогашниот премиер Никола Груевски.  Две години подоцна, исто така со владина одлука, автопатот беше именуван „Александар Велики“.