Почнува 19. Фестивал за современи уметности АКТО

Сподели

 

Со промоцијата на мурал кој се наоѓа во Скопје на зградата бр. 33 на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“, спроти студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“, започна 19. издание на Фестивалот за современи уметности АКТО, кој ќе се одвива во текот на целата година во организација на здружението Факултет за работи што не се учат – ФРУ. На муралот, што беше промовиран вчера, работеа уметниците Ивана Самандова, Ана Трајковска и Доротеј Нешовски.

Од АКТО информираат дека ќе бидат промовирани повеќе мурали на кои работат тројца млади уметници, а е предвидено да се изработат низ различни градови во државава, опфаќајќи тематики во духот на солидарноста на заедницата.

Новото, 19-то издание на АКТО, како што соопшти организаторот, продолжува на линија на минатогодишното издание на АКТО 18 „Јавни простори во движење (кон) II“. Во рамките на Фестивалот се предвидуваат повеќе настани во земјава и во странство.