Почнува 29. Светско првенство во ракомет

Сподели

Утре на 15 јануарина стартува 29-тото Светското ракометно првенство кое ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка.

На ракометното Светското првенство 2025, македонското знаме повторно ќе биде развиорено.

Македонија ќе биде една од 32. земји учеснички. Репрезентациите ќе бидат поделени во 8 групи со по четири екипи.

Првите три најдобропласирани од секоја група ќе се пласираат во главната рунда.

Македонија е во групата Д заедно со Унгарија, Холандија и Гвинеја.

Дали сте подготвени уште еднаш да ја „обоиме“ Вараждин Арената во „црвено-жолта“ боја? Ајде сите заедно да ја покажеме нашата страст кон ракометот, кон спортот број 1 во нашата држава.

За кого? За Македонија!