Подади рака за хуманост: Фустани, штикли и ташнички за матурантки и апсолвентки – проект “И ЈАС СУМ МАТУРАНТ”

Сподели

 

Здружениe за хуманитарен развој “Подади рака за хуманост” ги повикуваат сите хумани граѓани да донираат храна, гардероба, хигиенски производи за социјално загрозените, со што го спроведува проектот „Од дете за дете“.

Истовремено ја отвораат хуманитарната акција за сите матуранти, полуматуранти или апсолвенти кои од било која причина не се во можност да обезбедат гардероба за прославата на крајот на школската година.

Со проектот се опфатени сите училишта во Штип и повеќето градови во државата, а целта е да се помогне на социјално загрозените семејства и кај децата да се поттикне хуманоста.

Пријавувањето за учество во оваа акција е до 20 април. „Нашето малку, за некого е многу“, потсетуваат од „Подади рака за хуманост”.