Поддржан планот на Владата за почеток на преговорите за излез на земјата од ЕУ

Сподели

brexit-remain-big-ben-760

Долниот дом на британскиот Парламент вчера со големо мнозинство го поддржи планот на Владата за почеток на преговорите за излез на земјата од ЕУ до крајот на март следната година.

За оваа одлука гласале 461 пратеник, додека 89 биле против.

Опозициската Лабуристичка партија поднесе предлог, во кој ја повикува Владата да го претстави својот план за напуштање на ЕУ, пред да биде активиран Членот 50 од Лисабонскиот договор и да започне официјален процес за Брегзит.

Владата го прифати тој необврзувачки предлог, но за возврат побара од пратениците да го почитуваат резултатот од референдумот и да ја поддржат временската рамка за Брегзит.