Пред посетата на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас во Белград, грчки медиуми, повикувајќи се на добро упатени извори, објавија дека грчката Влада е подготвена за отворање на дипломатска канцеларија на Косово во Атина, пишува денешна „Политика“.
Весникот наведува дека грчките медиуми шпекулираат оти Коѕиас, покрај намерата да посредува во односите меѓу Белград и Приштина, размислува и за полезноста од отворањето на дипломатска канцеларија на Косово во Атина.
„Политика“ напоменува дека Атина е незадоволна од некои потези на косовската Влада, посебно по апсењето на директорот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ и есктрадицијата на десетмина турски државјани во Турција, кои АНкара ги обвинува дека се припадници на движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен.