Полициска заштита за австрискиот претседателски кандидат Белен

Сподели

Кандидатот за претседател од Зелената партија на Австрија, Александар Ван дер Белен доби полициска заштита поради заканите за убиство од страна на припадниците на екстремната десница

thumbs_b_c_4634be2810bf618f679ceac4e439e485

ВИЕНА (АА) – Кандидатот за претседател од Зелената партија на Австрија, Александар Ван дер Белен доби полициска заштита поради заканите за убиство од страна на припадниците на екстремната десница, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според веста објавена во весникот „Куриер“, едно лице, член на екстремната десница, преку својот профил на социјалната мрежа му се заканил со убиство на претседателскиот кандидат Ван дер Белен, што било причина Министерството за внатрешни работи на Белен денеска да му додели полициска заштита.

Во веста се вели дека екипите за борба против тероризмот ќе преземат превентивни безбедносни мерки во куќата на Белен, патиштата по кои вообичаено се движи и на местата што планира да ги посети.

Поради фактот што и претходно Ван дер Белен добивал голем број закани, од страна на Министерството за внатрешни работи му биле доделени и тројца полициски службеници кои ќе го заштитуваат во текот на целиот ден.

Екстремниот десничар, за кој може да се забележи дека е симпатизер на неонацистите, на својот профил споделил слики со крст и оружје и се заканувал дека ќе го убие Белен.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на некои социјални мрежи блокирало одредени профили и била започната истрага за притворање на лицето што ги упатило заканите.

На претседателските избори во Австрија кои се одржаа на 22 мај 2016 година, во вториот круг Александар Ван дер Белен го совлада својот противник со 31.000 гласови, но Уставниот суд ги поништи изборите, под сомневање дека е направена измама со гласовите што се испратени по пошта.

Владата планираше изборите да се одржат на 2 октомври, но ги одложи за 4 декември.