Полициските хеликоптери  исфрлија над 120 тони вода врз пожари

Сподели

Два полициски хеликоптера Mi-171 и Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици учествуваа во гасењето на пожарите во државата. Ми-171 дејствуваше на планината Серта, на територијата на општина Неготино, на пожарот кај селото Подлес, на територијата на Кавадарци и на пожарот на територијата на Радовиш. За време на дејствувањето,  хеликоптерот во 32 налети исфрли над 80 тони вода.

Хеликоптерот Бел-412 дејствуваше на пожарите на врвот Лисец, помеѓу селата Г. Јаболчиште и Дреново, и на планината Серта, с. Калањево.

За време на дејствувањето во 27 налета исфрли преку 40 тони вода и заедно со пожарникарите кои беа на терен и останати воздухоплови на терен се дејствуваше да се локализираат огнените стихии.