ПОЛСКА: Протест против ограничувањата за медиумите

Сподели

Повеќе од 20 полски медиуми, меѓу кои весниците „Газета виборча“ и „Жечпосполита“ и две големи радиостаници, одлучија денеска да не известуваат за работата на Парламентот, во знак на протест против нацрт-деловникот,  со кој се ограничува нивниот пристап до пратениците.

Деловникот дозволува само по два акредитирирани новинари на медумите во прес-центарот и им се забранува да прават фотографии и видеснимки.

На тој начин со деловникот се заштитуваат пратениците од снимки, со кои со кои би биле претставени во негативно светло или додека ги нарушуваат правилата, на пример гласаат со картичката на колега, кој е отсутен. Дозволени се само снимки од официјалниот видеосистем.

Согласно новиот деловник новинарите треба да работат претежно во медиумски центар во друга зграда, а не во таа во која се наоѓа собраниската сала, каде новинарите можат полесно да се сретнат со новинарите.

Владејачката конзервативна партија „Право и правда“ новите мерки ги објаснува со потребата да се обезбедат поволни услови за работа на пратениците и новинарите и уверува дека не станува збор за намалување на транспарентноста на парламентарните активности.

Неколку десетици новинари, меѓу кои некои големи имиења од полските медиуми, протестираа вчера пред зградата на Парламентот и побараа писмено до претседателите на двата дома да се повлече нацрт-деловникот.