Попладне локални грмежи и врнежи

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. UV=8

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.