Поплавените ќе бидат авансно обесштетени со вкупно 2,5 милиони евра

Сподели

Emil_Dimitriev-610x377

Сумата за авансно обесштетување на поплавените семејства ќе се зголеми од 1,5 на 2,5 милиони евра, најави денеска премиерот Емил Димитриев при посетата на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони.

Тој истакна дека од до сега посетените 4.000 семејства, податоците биле обработени за околу 1.950 семејства и исплатата од 30.000 денари за нив ќе започнела уште денеска.

„Сукцесивно ќе бидат проценувани и обработувани податоците, очекувам дека до вторник авансно ќе им бидат исплатени по 30.000 денари на сите семејства,“ изјави Димитриев.

На вчерашната седница на Влада бил предложен и ребаланс на буџетот кој најбрзо што може ќе биде доставен во Собрание за да се обезбедат две милијарди денари за целосно да се обесштетат поплавените.

meta.mk