Поради интензивните снежни врнежи во Истанбул, авиокомпанијата (THY) откажа 640 летови во и надвор од Турција кои требаа да бидат реализирани од аеродромот „Ататурк”, јавува Anadolu Agency (AA).
Освен тоа, дојде и до каснење на многу летови.
Поради доцнењето на летовите на „Туркиш Ерлајнс“, во последни два дена беа згрижени 29.000 патници на аеродромот, а 12.000 патници мораа непланирано да останат во хотел.
Доцнењето на летовите предизвика и гужва на аеродромот. Поради тоа што летовите во текот вчерашниот ден не беа реализирани, дел од патниците ноќта ја поминаа на аеродромот. Патниците чии летови беа откажани одлучија слободното време да го поминат во шопинг.
Исто така, вработените на аеродромот континуирано работат на чистење на пистата на аердромот „Ататурк”.