Предвидената заедничка вечера на преговарачот за името, Метју Нимиц со делегациите од Македонија и Грција, што требаше да се случи вечерва во Брисел е откажана, бидејќи ниту преговарачите Адамантиос Василакис и Васко Наумовски, ниту преговарачот Нимиц, поради снегот не можеле да стигнат на време во Брисел, пренесува порталот „Мкд.мк“
Поради снежните врнежи во Белгија се откажани стотици летови, како и сите полетувања и слетувања на аеродромот во Брисел, вклучувајќи ги и оние на преговарачите.
Според неофицијални информации, и преговарачите и Нимиц се обидуваат да стигнат во Брисел со воз или со друго превозно средство. Заедничките разговори на Нимиц со преговарачите ќе се одржат утре.
Од Министерството за надворешни работи информираат дека специјалниот претставник на Обединетите нации Нимиц изјава за медиумите даде по завршувањето на состанокот, во 12.15 часот.