Метро-станица во центарот на Милано била евакуирана и запрен бил сообраќајот на подземната железница откако бил пронајден сомнителен пакет, објави службата за јавен превоз на Италија.
Од службата соопштиле дека полицијата во моментов истражува дали пакетот содржи експлозив.
Овој месец во Италија зајакнати се мерките за безбедност по терористичките напади што се случија во Франција и во Германија, а исто така интензивирана е и пограничната контрола.