Премиерот Зоран Заев денеска ќе прими висока делегација предводена од поранешниот генерален секретар на НАТО, лордот Џорџ Робертсон. Во делегацијата која ја предводи Робертсон, ќе допатува и поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев.
По средбата предвидена е заедничка прес-конференција, а во Клубот на пратениците во 15.30 часот, ќе се одржи панел дискусија на која ќе учествуваат министерката за одбрана Радмила Шекеринска, Робертсон, Плевнелиев и Ален Ле Роа.